• четврток, 26 декември 2024

Во Брвеница откриена спомен биста за загинатиот полицаец Дано Петрески

Во Брвеница откриена спомен биста за загинатиот полицаец Дано Петрески

Тетово, 7 септември 2022 (МИА) - Во дворот на црквата „Свети Атанасиј“ во тетовска Брвеница попладнево се одржи пригодна свеченост по повод 25-годишнината од загинувањето на полицискиот службеник Дано Петрески, а беше откриена и негова спомен биста.

Дано Петрески го загуби животот на 7 септември 1997 година, кога при извршување на работни задачи е смртно застрелан во селото Долно Палчиште.

-Дано и двајца негови колеги во раните утрински часови беа да приведедат осомничен за сторено убиство. Тројцата кога стигнаа во домот на законски осомничениот ги пречекува рафал од пиштол, при што Дано е покосен и го положува животот на олтарот на полицискиот професионален ангажман кој за него секогаш беше прв и единствен приотитетМеѓу колегите во СВР Тетово и МВР како и родната Брвеница остави празнина која не може никако да се надомести. Но, тука е споменот кој не бледнее никогаш. Останува овековечен со оваа биста со ова обележје на една храборст и една непоколебливост на еден борец за ред закон и правда во сопствената земја, порача во пригодниот говор началникот во Одделот за полиција при СВР Тетово, Бранислав Петревски.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски исто така се обрати на настанот, порачувајќи дека оваа биста ќе биде вечен паметник на храброста и делата на полицискиот службеник.

-Дано Петрески нашиот храбар брвенчанец е еден од нашите херои, одважна личност која положувајќи го својот живот во името на законите и безбедноста остави вечна трага обезбедувајќи свое заслужено место во она што значи историја на македонската полиција, историја на македонската држава како неприкосновен професионалец до последен момент од неговиот живот, порача Спасовски.

Полицаецот Петрески е роден во 1962 година и загинал на 35 години. ас/мд/

Остани поврзан