• недела, 24 ноември 2024

Во Босилово се одржа хуманитарно-еколошка акција за собирање облека и текстилен отпад

Во Босилово се одржа хуманитарно-еколошка акција за собирање облека и текстилен отпад

Босилово, 16 октомври 2024 (МИА) - Во Општина Босилово денеска се одржа хуманитарно-еколошка акција за собирање облека и текстилен отпад.

Како што информираше градоначалникот Ристо Манчев, целта на акцијата е старата и износена облека наместо да завршува на депониите каде тешко се распаѓа, истата да се собере и преработи, а таа со подобар квалитет ќе се подели на социјално ранливи категории граѓани.

Одзивот на граѓаните за учество во акцијата беше голем и притоа донесоа поголеми количини облека на собирните пунктови, каде беа поставени и контејнери за текстил.

Акцијата ја организираа Општина Босилово и „Таксо Мак“. рт/цр

Фото: Општина Босилово

Остани поврзан