• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во болницата во Штип хоспитализиран 56-годишен пациент од сообраќајката кај Соколарци

Во болницата во Штип хоспитализиран 56-годишен пациент од сообраќајката кај Соколарци

Штип, 21 март 2025 (МИА) – Во штипската Клиничка болница е примен 56-годишен пациент од Виница, по сообраќајната несреќа на експресниот пат Штип-Кочани меѓу пробиштипска клучка и спанчевска крстосница.

Од Клиничка болница-Штип велат дека во тек се испитувања и снимање на пациентот, кој е хоспитализиран кај нив.

Од Секторот за внатрешни работи од Штип информираат дека околу 13 часот во Полициската станица Кочани било пријавено оти на експресниот пат Штип – Кочани се случила сообраќајна незгода меѓу патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки и товарно возило сопственост на Армијата на РСМ.

Притоа, пет лица се здобиле со повреди, од кои четири се пренесени во болницата во Кочани и едно во Клиничката болница Штип, се вели во соопштението на СВР-Штип.

Во писменото соопштение на СВР-Штип се наведува дека увидот е во тек. вдј/бак/

Фото: МИА 

Остани поврзан