• четврток, 26 декември 2024

Во Боливија уништени три големи импровизирани фабрики за производство на кокаин

Во Боливија уништени три големи импровизирани фабрики за производство на кокаин
Ла Паз, 17 мај 2021 (МИА) - Боливиската полиција денеска соопшти дека открила и уништила три огромни фабрики, во кои дневно можеле да се произведат околу 900 килограми крек. Импровизираните фабрики биле скриени во шумските резервати и национални паркови во три боливиски  провинции. Боливискиот заменик-министер за социјална одбрана и контролирани супстанци, Џејми Мамани изјави дека одредите за борба против дрогата во изминатите четири месеци заплениле рекордни 7,41 тони кокаин. Тој додаде дека исто така продолжува и уништувањето на посевите со кока во Лос Џангас и во Ел Чапаре. ми/

Остани поврзан