• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во близина на семејната куќа во село Ореше пронајден мртов 60-годишен маж

Во близина на семејната куќа во село Ореше пронајден мртов 60-годишен маж

Велес, 9 април 2025 (МИА) - Во СВР Велес вчера во 08:28 часот било пријавено дека во близина на семејната куќа во село Ореше, Општина Чашка, бил пронајден починат 60-годишниот Т.М. од село Ореше.

Како што информира денеска од СВР Велес, портпаролот Биљана Ѓаковска, лекар од Итна медицинска помош Велес констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Велес.ад/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан