• среда, 25 декември 2024

Во близина на либискиот брег се удавија 12 бегалци

Во близина на либискиот брег се удавија 12 бегалци

Каиро, 29 октомври 2024 (МИА) - Дванаесет лица загинаа во близина на либискиот брег кога брод со бегалци кој се движеше кон Европа се преврте во Средоземното Море.

Според локалните власти, чамецот се превртел во близина на Либија, а на него имало 13 лица од Египет, а само еден преживеал.

Ал-Абрин, група која обезбедува хуманитарна помош за мигрантите во Либија, на Фејсбук објави дека чамецот се превртел синоќа на 60 километри од градот Тобрук. Таа додаде дека телата се пронајдени и донесени на брегот.

Во последниве години, Либија беше една од главните транзитни точки за бегалците кои бегаат од војна и глад од Африка и Блискиот Исток. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан