• четврток, 26 декември 2024

Во близина на грчкиот остров Лезбос спасени 115 мигранти

Во близина на грчкиот остров Лезбос спасени 115 мигранти

Атина, 21 август 2024 (МИА) – Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Лезбос биле спасени 115 мигранти, откако чамецот со кој се превезувале се нашол во тешка положба, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштиле дека откако биле информирани за проблемите на чамецот веднаш интервенирале со два патролни чамци и еден патролен брод и биле спасени мигрантите, од кои 67 се мажи, 27 жени и 21 дете.

Сите, безбедно биле префрлени на пристаништето на островот, а оттаму во прифатниот центар за бегалци и мигранти.ср/сд/

Остани поврзан