• среда, 25 декември 2024

Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица, досега најмалку 20 загинати

Во БиХ продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и свлечиштата во Јабланица, досега најмалку 20 загинати

Сараево, 5 октомври 2024 (МИА) - Продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите и одроните на подрачјето на општините Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Крешево и Фојница во БиХ.

Федералната управа за цивилна заштита распоредува тимови на локациите каде што се претпоставува дека има исчезнати лица.

Според последните информации, во поплавите загинаа најмалку 20 лица - 17 во Јабланица и тројца во Фојница.

Вкупниот број на жртви не е познат, но според неофицијални информации има десетици повредени, исчезнати и загинати, пренесува порталот Кликс.

Затрупани се многу куќи, а утринава пристигна и дополнителна механизација.

Во тек е состанок на кризниот штаб за координација на спасувачките активности, а по него  треба да се дознаат подетални информации за состојбата на теренот.

Најтешка е состојбата во Долна Јабланица каде се сомнева дека каменолом ја предизвикал трагедијата во населбата која е целосно затрупана со отпад од гранит.сд/

фото: Скриншот

Остани поврзан