Во Битолскиот театар премиера на претставата „Црно семе“ од Ташко Георгиевски
- Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е подготвен за премиерна изведба на претставата „Црно семе“ од Ташко Георгиевски во режија на Андреј Цветановски.

Битола, 15 април 2025 (МИА) - Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е подготвен за премиерна изведба на претставата „Црно семе“ од Ташко Георгиевски во режија на Андреј Цветановски.
Претставата се изведува во период кога се одбележуваат 90 години од раѓањето на Георгиевски, автор на еден од култните романи „Црно семе“, беше истакнато на прес конференција во Битола.
-Долго време барав место каде би можел да го поставам овој текст и среќен сум што е тоа овој театар. За секој режисер најважно е да најде истомисленици, како што јас најдов тука. Судбината на помалите народи е тешка затоа што нивните приказни не се раскажуваат. Оваа претстава е да се издржи, да останеш свој и покрај сите притисоци, истакна режисерот Андреј Цветановски.
Во претставата закажана за утревечер, ќе настапат актерите Мартин Мирчевски, Огнен Дранговски, Васко Мавровски, Никола Стефанов, Никола Пројчевски, Петар Горко, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Александар Димитровски, Александар Копања, Марија Цветановска, Петар Спировски, Живко Борисовски и Хари Михајловски. мт/дма/
Фото: НТБ