• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Битола ќе се контролираат училиштата и детските градинки

Во Битола ќе се контролираат училиштата и детските градинки

Битола, 21 март 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски одржа координативен состанок со директорите на основните и средните училишта во Битола, како и со градинките и  разговараше за состојбите со објектите во тие општински установи.

Од локалната самоуправа информираат дека на терен се изведени вонредни контроли, а проширените инспекциски надзори опфаќаат проверка на влезовите, ПП апаратите, потребната документација итн.

Од општинскиот инспекторат, преку инспекторот за домување на терен, во координација со станбените сервиси и жителите на зградите, ќе се врши контролирање на ПП апаратите во зградите, нивната исправност и хидрантската мрежа. Од управителите на зградите и станбените сервиси, ќе биде побарано да достават информации за тоа дали зградата има хидрантска мрежа, дали хидрантите имаат црева за вода, колку од зградите поседуваат ПП апарати и дали има лица кои што знаат со нив да ракуваат. На местата  каде што е потребно, општинскиот инспекторат ќе ги задолжи субјектите да постапат согласно законските прописи, соопштија од Општина Битола. мт/мд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан