• четврток, 26 декември 2024

Во Битола ќе гостува претставата „Госпоѓиците од Авињон“

Во Битола ќе гостува претставата „Госпоѓиците од Авињон“
Битола, 13 април 2022 (МИА) - Претставата „Госпоѓиците од Авињон“ работена според истоимениот драмски текст на писателот Сашо Димоски во режија на Ненад Витанов, ќе гостува во Битола. Од НУ Центар за култура-Битола, домаќини и организатори на културниот настан посочуваат дека поканата е реализирана на барање на културната јавност во градот и ќе се одржи на 19 април на големата сцена. Претставата „Госпоѓиците од Авињон“ е колажна, со многу измешани жанрови во неа и зборува за некои делови од животот на познатиот сликар Пабло Пикасо и неговите љубови, неговите музи. Ликовите на музите на Пикасо во претставата ги играат Софиа Насевска-Трифуновска, Искра Ветерова, Гордана Ендровска, Ана Стојановска, Ѕвездана Ангеловска и Васил Зафирчев. Сценографијата во претставата е на Филип Витанов, костимограф е Тања Кокев, композитор на музиката е Калиопи Букле, додека на сценските движења работеше Маја Каревски.мт/фф/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан