• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Во Битола средба на градоначалникот Коњановски и генералниот конзул на Албанија, Петрит Мусај

Во Битола средба на градоначалникот Коњановски и генералниот конзул на Албанија, Петрит Мусај

Битола, 10 април 2025 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, попладнево оствари средба со Генералниот конзул на Република Албанија во Струга, Петрит Мусај.
 
Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека Коњановски и Мусај се разговарале за добрите односи меѓу двете земји, како и за потенцијалите за соработка на бизнис секторот и можностите за заеднички делувања во културата и туризмот.
 
Општина Битола има воспоставено соработка со албанската страна во проекти поддржани од програмата за прекугранична соработка, посебно со општините Пустец и Корча, информирал Коњановски, додека генералниот конзул Мусај нагласи дека соработката мора да се зајакнува и најави активности за збратимување на Битола и Корча.
 
Генералниот конзул е назначен на оваа функција во септември 2024, а неговото делување ги опфаќа општините од југозападниот регион, соопштија од Општина Битола. мт/дма/


Фото: Општина Битола
 

Остани поврзан