• недела, 24 ноември 2024

Во Битола приведено лице осомничено за прикажување порнографски материјал

Во Битола приведено лице осомничено за прикажување порнографски материјал

Скопје, 11 октомври 2022 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола ноќеска пет минути по полноќ, го лишиле од слобода битолчанецот С.К.(34). Тој се сомничи дека претходниот ден (на 10 октомври) околу 13.30 часот во Битола прикажал порнографски материјал од својот мобилен телефон на малолетничка.

Од МВР наведуваат дека при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело.

Тој бил приведен во полициска станица и во службен разговор го признал делото. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, посочуваат од МВР. вг/ бак/

Остани поврзан