• среда, 25 декември 2024

Во Битола почна пријавувањето на кандидати за спортист на градот

Во Битола почна пријавувањето на кандидати за спортист на градот

Битола, 9 февруари 2021 (МИА) - Битолскиот Сојуз на спортови објави повик за предлагање кандидати за избор на најдобите спортисти и екипи во Битола за 2020 година.

Согласно одлуката, сите битолски спортски клубови кои се членови на Сојузот на спортови,  своите најдобри спортисти и екипи треба да ги пријават најдоцна до 20. февруари.  Сојузот на спортови на Битола ќе избира според долгогодишната традиција и оваа година ќе избира 10 најдобри спортисти во сениорска конкуренција, 10 најдобри млади спортисти на возраст до 18 години, три најуспешни екипи во сениорска и три најуспешни екипи во младинска конкуренција, потоа двајца професори по физичка култура, ветерани и клубови. Рангирањето ќе се врши согласно критериумите утврдени од страна на УО на Сојузот, а свеченото прогласување на најдобрите битолски спортисти ќе се одржи на 25. февруари.мт/бт/

Остани поврзан