• среда, 25 декември 2024

Во Битола отворен заеднички наплатен центар на локалните јавни претпријатија

Во Битола отворен заеднички наплатен центар на локалните јавни претпријатија

Битола, 13 мај 2023 (МИА) - Во Нова Битола денеска почна со работа заеднички, втор, наплатен центар на јавните комунални претпријатија „Водовод“, „Комуналец“ и „Нискоградба“.

Наплатниот центар е отворен по барање на граѓани од Нова Битола и околните населби, кои потребата од ваков центар ја изнесоа на отворените денови со градоначалникот Тони Коњановски и потенцирајќи посебно повозрасните жители, кои не користат електронско плаќање на услугите, соопштија од Општина Битола.

-На отворените денови кои ги имавме со граѓаните, посебно повозрасните сограѓани, ја нагласија потребата од наплатен центар и во „Новиот пазар“, со што би им се олеснило плаќањето на сметките за комунални услуги, а дополнително би заштедиле и време и средства. Согледувајќи ја потребата, јавните претпријатија го уредија и опремија овој простор, како втор наплатен центар, со што потребните услуги се достапни и во овој дел на градот. Во наплатниот центар граѓаните ќе можат да ги плаќаат своите сметки за вода, сметките за Нискоградба и комуналните сметки без провизија, и благовремено ќе можат да бидат информирани за состојбата на своите комунални сметки и услуги, изјави градоначалниокот Коњановски.

Како што е познато, локалните јавни претпријатија заеднички наплатен центар имаа и во централното градско подрачје во просториите на поранешниот Работнички Универзитет, на улицата „Рузвелотава“ во Битола.мт/

Фото: Општина Битола

Остани поврзан