• среда, 25 декември 2024

Во Битола отворено прифатилиште „Хачико“ за бездомни животни

Во Битола отворено прифатилиште „Хачико“ за бездомни животни

Битола, 4 октомври 2024 (МИА) - Светскиот ден за заштита на животните 4-ти октомври, Општина Битола го одбележа со отворање на прифатилиште за бездомни животни „Хачико“.

Хуманиот третман на животните е значаен и обврска на локалната самоуправа која од денеска во соработка со повеќе ветеринарни друштва во градот ќе врши прифаќање и сместување на бездомни животни, нагласија од Општина Битола.

-Годинава Светскиот ден за заштита на животните се одбележува под мотото „Светот е заеднички дом за сите“ и овој ден се совпадна со периодот кога почнуваме со хуман третман на животните во Општина Битола и со отпочнување на работа на прифатилиштето „Хачико“. Кадарот е екипиран и склучен е договор со повеќе ветеринарни друштва од Општина Битола за хуман третман на уличната популација на кучињата. Општина Битола изминатите месеци во континуитет направи сериозен напор да изгради соодветно прифатилиште кое ги задоволува сите стандарди за хуман третман на животните, добивме одобрување за работа од АХВ за прифатилиштето, направивме мониторинг на уличната популација на кучињата, обезбедивме средства за да отпочнеме со хуманиот третман на животните, изработивме програма за хуман тертман на животните која ги дава насоките по кои ќе се става под контрола на овој проблем. Обезбедивме иновативно решение за ангажман на повеќе сериозни ветеринарни друштва од општината кои ќе го вршат хуманиот третман на животните. Ова решение дава можност за побрз и попрофесионален третман на кучињата и сериозно ја намали цената на чинење на третман на куче, истакна Коњановски.

Ветеринарните друштва имаат отворен налог за заловување и граѓаните можат да се обратат до ЈП „Комуналец“, доколку забележат  нетретирани кучиња во нивна околина на јавна површина. Во функционирањето на прифатилиштето ќе бидат вклучени и учениците од средното ветеринарно училиште со што ќе се зголеми квалитетот на образованието на идните ветеринарни техничари, беше истакнато на денешниот промотивен настан во Битола. мт/дма/

Фото: МИА

Остани поврзан