• недела, 17 ноември 2024

Во Битола одбележан Меѓународниот ден на Белиот стап

Во Битола одбележан Меѓународниот ден на Белиот стап

Битола, 15 октомври 2024 (МИА) - Во организација на локалните Лајонс клубовите и Здружението на слепите лица од Битола, со марш по Широк сокак се одбележа Меѓународниот ден на белиот стап.

Јавна поддршка на учесниците искажа градоначалникот Тони Коњановски и потврди континуитет со поддршка за слепите лица.

-Локалната самоуправа реализира активности низ повеќе програми со кои се овозможува помош и поддршка на слепите лица. Годинава обезбедивме 60.000 денари поддршка за Ресурсниот центар за слепи лица кој е формиран со поддршка на УНДП и пет општини од регионот. Ангажирано е лице едукатор за Брајово писмо, со цел подобрување на образованието на слепите лица и исто така обезбедивме бесплатен градски превоз за лицата со општетен вид, истакна Коњановски.

Општина Битола има отворен повик за финансиска поддршка во висина до 61.500 денари, наменети за адаптација на дом или набавка на опрема согласно потребите на лицата со оштетен вид. мт/дма/

 

Фото: Општина Битола

Остани поврзан