Во Битола гостува ракометниот „бундес“ гигант Магдебург
- Вечер во Битола во рамки на натпреварите од европската ракометна лига ќе гостува „бундес“ гигантот Магдебург од истоимениот германски град.
Битола, 23 март 2021 (МИА) - Вечер во Битола во рамки на натпреварите од европската ракометна лига ќе гостува „бундес“ гигантот Магдебург од истоимениот германски град.
Во пресрет на првата осмина-финална средба, тренерот на битолчани Жељко Бабиќ изјави дека против Еурофарм Пелистер никој не може да се смета за фаворит.
- Среќни сме што во Битола ни доаѓа моќна германска екипа која во моментов е второпласирана во домашното првенство. Ги познаваме нивниот квалитет и слабости, и затоа со оптимизам ја дочекуваме вечерашната прва средба, истакна Бабиќ.
Во тимот на Магдебург настапуваат искусни скандинавски интернационалци од Данска, Шведска, Норвешка, како и репрезентативците од Балканот, односно Жељко Муса од Хрватска и Марко Безјак од Словенија, но поради КОВИД-мерки, натпреварот што почнува во 20.45 часот ќе се игра без публика. мт/зс/