• сабота, 21 декември 2024

Во Битола вечер почнува фестивалот на класична музика „Интерфест“

Во Битола вечер почнува фестивалот на класична музика „Интерфест“

Битола, 3 октомври 2022 (МИА)Со изведба на балетските претстави „Кармен“ и „Валпургиска ноќ“ на македонската Национална опера и балет, вечер во Битола почнува најновното издание на фестивалот на класична музика „Интерфест“.

Како што е познато, кореограф на двете балетски претстави е гостинот од Унгарија Габор Кевехази, сценографијата е на Марија Ветерова, а костимографијата на Марија Пупучевска.

Во периодот до 12 октомври на сцените во НУ Центар за култура, НУ Завод и Музеј, НУ Народен театар и Офицерски дом, годинава освен македонски, ќе настапат и уметници од Србија, Австрија, Итaлија, Турција и Германија.

Во рамки на 31. издание на „Интерфест Битола 2022“ ќе биде приредена и поетска вечер со актерот Петар Мирчевски, посветена на македонскиот поет, романописец и есеист Славко Јаневски. мт/мд/

Остани поврзан