• среда, 25 декември 2024

Во Беровско сè уште активен пожарот кај месноста Грбавец помеѓу селата Митрашинци и Будинарци

Во Беровско сè уште активен пожарот кај месноста Грбавец помеѓу селата Митрашинци и Будинарци
Берово, 9 август 2021 (МИА) - По локализирањето на пожарот близу село Будинарци, во Беровско сè уште е активен пожарот кај месноста Грбавец помеѓу селата Митрашинци и Будинарци. Моментално со акцијата за гаснење раководи словенечката единица, а на терен се и австриската и бугарската противпожарна единица, која поради локализирањето на пожарот кај Будинарци го премести својот пункт кај новото жариште. Борче Бојчовски од Национални шуми вели дека првото жариште на сите пожари во Малешевијата и Пијанец е пожарот кај Пасјак кој избувна уште на Илинден и потоа опфати повеќе села во овој регион. - Во овој дел пожарот беше локализиран уште синоќа, тоа е пожар кој држи дел од делчевски Пасјак и помина покрај Црник, Пехчево, Чифлик, Умлена, Робово и Мачево. Очекуваме до покасните часови да биде локализиран целосно пожарот кај Будинарци, истакна Бојчовски. Вечерашнава борба на пожарникарите и останатите луѓе кои цел ден учествуваат во гаснењето на пожарот кај Грбавец е да се контролира да не премине од другата страна на селото Митрашинци, а со тоа да ,,префрли" и во радовишкиот регион, што потоа, според нив, би било мошне опасно за понатамошниот развој на огнените стихии. вс/вј/

Остани поврзан