• четврток, 26 декември 2024

Во беровско Русиново се одбележа 114 годишнината од смртта на Даме Груев

Во беровско Русиново се одбележа 114 годишнината од смртта на Даме Груев
Берово, 23 декември 2020 (МИА) - Во беровското село Русиново се одбележа 114 годишнината, од смртта на македонскиот револуционер и великан Даме Груев. Чествувањето започна со посета на гробното место на Даме Груев на селските гробишта, продолжи со положување на свежо цвеќе пред неговата биста во центарот на село Русиново, како и посета на месноста Петлец, местото каде Даме Груев загинал со уште неколку борци. -Местото е познато по убиството на Даме Груев, Атанас Карчев и Сандо Китанов, кои на 19 декември се ранети во село Русиново. На излезот од селото, убиен е Сандо Китанов, додека Атанас Карчев и Даме Груев, на истото место се само ранети, понатаму водат жестока борба на Петлец, за подоцна на 23 декември 1906 година во заседа на планината Петлец, да бидат и убиени, кажаа жителите на село Русиново кои го посетија Петлец. Во краткиот осврт за неговиот живот и дело беше истакнато дека со неговата девиза „Подобро ужасен крај, отколку ужас без крај“, Даме Груев во македонската историја засекогаш ќе биде запишан, како еден од најголемите македонски револуционери и еден од најистакнатите членови на Македонската револуционерна организација. Настанот беше одбележан скромно со почитување на сите протоколи за заштита на колективното здравје. вс/аа/

Остани поврзан