• сабота, 23 ноември 2024

Во беровско Мачево се одржа заедничка меѓународна вежба за справување со пожари на отворено

Во беровско Мачево се одржа заедничка меѓународна вежба за справување со пожари на отворено

Берово, 21 јуни 2023 (МИА) -  Во рамките на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување денеска во регионот на Општините Берово и Делчево се организира меѓународна вежба со акцент на гасење на шумски пожари.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути истакна дека денешната вежба е уште еден доказ дека Дирекцијата е подготвена за сезоната на пожари која што  претстои, а дополнителен доказ за тоа како што напомена е дека 2021 која што беше критична година, каде што учествуваа и тимови од соседни земји, но и од други земји како Австрија и Словенија се добредојдени бидејки сите заеднички соработуваа и дејствуваа во однос на справување на пожарите на отворено.

-Денеска во траење од неколку часови имавме билатерална вежба односно гасење на пожари на отворено. Учествуваа тимови од Бугарија, наши тимови, доброволните друштва. ПЕ на општините кои што гравитираат во регионот, заедно со тимовите оз воздухопловот, еден од воздухопловите на ДЗС и сите други пропратни единци, камиони, механизации, учествуваа во гасење на пожари на отворено, каде што се вклучени и други работни точки односно точки за пребарување на лица коишто се оддалечуваат и исчезнуваат во случај на избувнување на пожарот на куќа итн.  Значи сценариото е да вежбата трае неколку часа на четири работни точки, а моментално се наоѓаме на претпоследната работна точка каде што дејствуваат доброволните друштва од регионот во гасење на пожари на отворено, а истовремено додека ние зборуваме ќе се подготвува и интервенција на нашиот воздухоплов во гасење на пожари на отворено, рече Максути.

Ваквите вежби и заедничка соработка според Максути се многу важни во насока на заедничко дејствување на целиот систем при вакви непогоди.

-ДЗС е последната единица во ланецот на справување со ваквите несреќи, односно катастрофи коишто ги поминуваат границите на можностите на една општина односно на една институција. Затоа кажуваме дека кон едно вакво сценарио треба да се  сите за да дејствуваме што е помош можно поуспешно во справување со истите, додаде Максути.

Подвлече дека со заеднички настап, само со заеднички напор и со здружување на сили и добра координација помеѓу институциите можеме да се каже дека тие се подготвени да се справат со било каква ситуација која што може да се појави во следниот период. На настанот присуствуваше и раководителот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. вс/дма/

Фото: МИА 

Остани поврзан