• четврток, 26 декември 2024

Во беровското село Русиново започнува манифестацијата „Трујчинденски русински средби 2022“

Во беровското село Русиново започнува манифестацијата „Трујчинденски русински средби 2022“
Делчево, 12 јуни 2022 (МИА) - Во беровското село Русиново, по пауза од две години, повторно се организира настанот „Трујчинденски русински средби 2022“. Настанот, кој се организира во чест на христијанскиот празник Св. Троица, ќе започне со турнир во мал фудбал, а во рамките на дводневната манифестација, предвидена е богата музичка програма. Празникот Св. Троица во село Русиново, како што велат организаторите, е куќна или домашна слава, каде секоја куќа во селото е отворена за сите гости од сите краишта на Малешевијата и пошироко. сх/нд/

Остани поврзан