• вторник, 20 јануари 2026

Во Берово - 12 степени, на Попова Шапка 26 сантиметри снег

Во Берово - 12 степени, на Попова Шапка 26 сантиметри снег

Скопје, 13 јануари 2026 (МИА) - Во Берово изутринава во 7 часот се измерени - 12 степени,  -11 во Крива Паланка, - 10 во Демир Капија, Kрушево и Попова Шапка, а во Скопје-Петровец, Битола, Прилеп, Тетово и Mаврови Анови - 9.  Во Струмица, Штип, Кавадарци, Велес, Охрид и Претор - 8, Скопје-Зајчев Рид, Куманово и Виница - 7, во Гевгелија - 5 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи информира дека на Попова Шапка има 26 сантиметри снег, во Крушево 15, во Ѓуриште 4, а во Тетово и Берово 2 сантиметра. 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7 степени. Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.лв/

фото: МИА архива 

Остани поврзан