• недела, 28 јули 2024

Во Берово финишира изградбата на пешачка и вело патека

Во Берово финишира изградбата на пешачка и вело патека

Берово, 22 ноември 2023 (МИА) - Во Берово привршуваат градежните активности за изградбата на пешачка и вело патека. Проектот кој предвидува и изградба на електрична инсталација за осветлување, покрај кејот на реката Брегалница во Берово има за цел заокружување на реконструкцијата на Кејот на река Брегалница.

-Конечно се заокружува целосно реконструиран Кеј на река Брегалница, како патека за одмор релаксација и пешачење, за граѓаните, но и за туристите, кои можат да уживаат во убавините, кои Берово ги нуди. Се работи за патека која претставува спој со улицата „11 Октомври“, кај мостот, до спој со веќе изградена, уредена патека, информираа од Општината.

Должината на патеката е 230 метри, а на неа како што додадоа од Општината, поставено е и соодветно осветлување.

-Ширината е 2,5 метри, извршено е поплочување со бехатон плочки, со дебелина од шест сантиметри и осветлување на целата патека, со вкупно девет рустикални канделабри, додадоа од Општина Берово.

Проектот претставува продолжување на претходен проект и за негова реализација од Буџетот на Општина Берово за 2023 година, како што дополнија, ќе бидат потрошени 2.303.189,00 денари. вс/вј/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан