• петок, 20 декември 2024

Во Берово се спроведува проект за подобрување на енергетската ефикасност во гимназијата „Ацо Русковски"

Во Берово се спроведува проект за подобрување на енергетската ефикасност во гимназијата „Ацо Русковски

Берово, 4 декември 2024 (МИА) - Во Берово почна промената на столаријата во гимназијата „Ацо Русковски", соопшти денеска градоначалникот на Општината, Звонко Пекевски. Како што додаде тој станува збор за проект за подобрување на енергетската ефикасност,  кој се спроведува преку Програмта за развој во заедницата со поддрѓка на повеќе општествено одговорни субјекти.

-Проектот се реализира, преку Мрежата за рурален  развој на Северна Македонија, со партнерот,  ЛАГ Малеш Пијанец и ОСУ ,,Ацо Русковски” , Општина Берово, Синотип, Трено Комерц, Хотел Манастир, БИ ГРУП – 18, Алфа Профил, Полотекс, ДАЕЛ транс, МРС ЗМС, Дентал Естетика ПЗУ, Малеш нет и Здружение на граѓани ,,Владимерски илинденски средби.  Проектот е финансиран од Агенцијата на САД, за меѓународен развој USAID,  а имплементиран од  Мрежата за рурален  развој на Северна Македонија, информираше Пекевски.

Целта на проектот е подобрена изолација и енергетска ефикасност на зградата на ОСУ „Ацо Русковски”, преку промена на старите прозорци и врати и намалување на режиските трошоци. 

-Особено значајно, во реализацијата на овој проект,  е заштитата на животната средина и намалување на емисиите на јаглероден диоксид, подигање на еколошката свест и енергетската ефикасност во општината и регионот.  Придобивки од овој проект, ќе има целата локална заедница, пред се учениците кои ќе добијат подобрени услови за престој и учење, подобар комфорт, едукација, долгорочни финансиски заштеди и позитивно влијание во заедницата, со примена и на други објекти од јавен карактер, додаде Пекевски.  

Изрази благодарност до сите партнери, кои несебично се вклучиле во реализацијата на проектот давајки свој придонес во реализацијата на активностите по проектот, меѓу кои USAID, Мрежата за рурален развој и Локалната акциска група Малеш Пијанец кои овозможија користење на мерките од Програмта за развој во заедницата со вкупен предвиден Буџет на пректот од 3.634.000,00 денари. вс/дма/

 

Фото: МИА

 

Остани поврзан