Во Берово се реконструира третиот крак од улицата „Козара“
- Во рамките на Програмата за реконструкција на локални улици и патишта за 2025 година, во Берово во тек е реконструкцијата на улица „Козара”, крак три. Увид во градежните работи денеска изврши градоначалникот на Општината, Звонко Пекевски кој информираше дека оваа улица долги години наназад е во лоша состојба, а нејзината реконструкција беше приоритет истакнат од граѓаните.

Берово, 10 април 2025 (МИА) - Во рамките на Програмата за реконструкција на локални улици и патишта за 2025 година, во Берово во тек е реконструкцијата на улица „Козара”, крак три. Увид во градежните работи денеска изврши градоначалникот на Општината, Звонко Пекевски кој информираше дека оваа улица долги години наназад е во лоша состојба, а нејзината реконструкција беше приоритет истакнат од граѓаните.
-Се поплочува крак од улицата, со бехатон плочки, во должина од 120 метри широчина три метри и со вкупна површина од околу 400 квадратни метри. Жителите на овој дел од градот добиваат многу подобри и побезбедни сообраќајни услови и подобра поврзаност со останатиот дел од градот, истакна Пекевски.
Општината, како што најави, продолжува и понатаму да работи за решавање на проблемите и потребите на граѓаните.
-Отворени сме за соработка, да ги слушаме проблемите и заеднички да наоѓаме најсоодветни решенија, додаде Пекевски.
Реконструкција на третиот крак од улицата ,,Козара”, е овозможен согласно јавниот повик на Влада, за изразување интерес од страна на општините, за финансирање на инфраструктурни проекти, од Подпрограмата АА- Инфраструктурни проекти во општините, на Министерството за локална самоуправа, согласно измените и дополнувањата на Буџетот, за капитални проекти. За реализацијата на овој проект, ќе бидат исплатени 938.704,00 денари. вс/вј/
Фото: МИА