• среда, 25 декември 2024

Во Берово се проширува и модернизира уличното осветлување

Во Берово се проширува и модернизира уличното осветлување

Берово, 28 април 2024 (МИА) - Енергетски ефикасни лед светилки кои ќе го подобрат осветлувањето и безбедноста во сообраќајот е дел од активноста за проширување и модернизирање на уличното осветлување на улицата „Дамјан Груев“ во Берово.

Активноста, како што информираше градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски, се реализира во рамки на Програмата за улично осветлување за 2024 година.

- Улицата „Дамјан Груев“ е една од пофреквентите улици во Берово, која што деновиве блесна со сиот свој сјај. Нова линија на улично осветлување е инсталирана на должина од околу 455 метри, од левата страна, од вкрстување со улицата „Ѓорѓи Димитров“, до вкрстување со улица „ Индустриска“ и улица „Којова Ливада“, информираше Пекевски.

Тој дополни дека улицата „Дамјан Груев“, во Берово е важна сообраќајница и е од големо значење за сите жители на Општина Берово, а особено за младите, кои покрај тоа што се движат до средното училиште, ја користат и за вечерни прошетки.

За реализација на втората фаза од поставувањето на улично осветлување, на улицата „Дамјан Груев“ од Буџетот на Општина Берово за 2024 година ќе бидат потрошени 1,38 милиони денари. вс/ар
Фото: МИА

Остани поврзан