• петок, 27 декември 2024

Во Берово реализирана голема еколошка акција „Генералка викенд“

Во Берово реализирана голема еколошка акција „Генералка викенд“

Берово, 17 мај 2024 (МИА) - Во Берово денеска се реализираше голема еколошка акција „Генералка викенд“. Целта на спроведената акција, како што информираше градоначалникот на Берово Звонко Пекевски, е зголемување на еколошката свест преку поголема одговорност и сериозна грижа за животната средина од страна на институциите.

-Акцијата е организирана преку заедничко партнерство на Општина Берово, Пивара Скопје, ПАКОМАК и МЕН ЕНД МАУНТЕН, а се вклучија и волонтери на „Црвен крст“ на Македонија. Во акцијата се вклучија училишта и институциите на локално ниво. Се чистеше на повеќе локации во градот, при што сите заеднички барем малку придонесовме за поздрава и позелена иднина. Целта на акцијата е да се  собере што е можно повеќе отпад и да се подигне свеста на населението кон грижа за животната средина, истакна Пекевски.

За самите учесници вакците акции иако се ретки се вистинска можност за реализирање теренски иницијативи за подобрување на екологијата во градот.

-Сметам дека оваа акција за чистење е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнување на јавната свест, за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина, истакна учесник во акцијата, 

Еколошката акција „Генералка викенд“ е поддржана и од  општествено одговорни компании: EVN, Нула отпад, Мак Стил, Бучим, БИ Милк, Костал и Шпаркасе Банка. вс/мд/

Фото: МИА
 

Остани поврзан