• петок, 27 декември 2024

Во Берово продолжува реализацијата на проекти преку програмата за прекугранична соработка со Бугарија

Во Берово продолжува реализацијата на проекти преку програмата за прекугранична соработка со Бугарија
Берово, 26 ноември 2020 (МИА) - Во општина Берово продолжува реализацијата на проекти преку Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија. Како општина лидер во реализацијата на прекуграничните проекти, беровскиот градоначалник Звонко Пекевски информираше дека во моментот финишира реконструкцијата на беровскиот кеј на река Брегалница. - Преку програмата за прекугранична соработка Општина Берово заедно со Општина Струмјани реализира проект „Една планина долж две реки“ каде од наша страна е опфатена реконструкција на Кејот на река Брегалница и вкупната инвестивија во делот за општина Берово изнесува околу 200 илјади евра за општина Берово, рече Пекевски. Градоначалникот на Берово изрази надеж дека вклученоста на општината во идните проекти преку оваа програма ќе продолжи и во наредниот период. -Се надевам дека така и ќе остане, бидејки досега од сите повици имаме искористено минимум по еден проект по отворени повици, додаде Пекевски. Дополни дека во фаза на евалуација е и втор проект со невладина организација од Бугарија, за кој најави дополнителни детали за деталите околу неговата реализација. вс/аа/

Остани поврзан