• сабота, 23 ноември 2024

Во Берово организирана пригодна свеченост по повод Денот на народното востание

Во Берово организирана пригодна свеченост по повод Денот на народното востание
Берово, 11 октомври 2021 (МИА) - Во Берово беше организирана пригодна свеченост по повод 11 Октомври, Ден на народното востание. Во чест на денот, делегации од општествениот и политичкиот живот од Општина Берово, положија цвеќе пред реконструираната спомен плоча на паднатите борци во НОБ од Малешево, во Берово. - Одбележуваме 80 години борба за слобода и човекови права. 11 октомври 1941 е симболот на самосвеста на македонскиот народ, историски паметник за херојството кога се бориш за својата слобода. Слободата во која денес ја градиме нашата држава, не ни е подарена, туку стекната со крвта на нашите предци, беше истакнато во пригодниот говор пред присутните. Покрај рефератот, со историски осврт кон 11 октомври, со своја интерпретација во чест на значајниот датум се претстави малата Јана Брашнарска. - На вистинската страна на историјата, на страната на слободата и човековите права, македонскиот народ застана рамо до рамо со слободарските сили во Европа и светот, и остави свој печат во историјата и времето, истакна градоначалникот на Берово Звонко Пекевски, кој додаде дека денес имаме самостојна, меѓународно етаблирана и економски силна држава како исполнување на аманетот на нашите предци. вс/мс/

Остани поврзан