• четврток, 09 април 2026

Во Берово одбележан Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април

Во Берово одбележан Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април

Берово, 8 април 2026 (МИА) - Под мотото „Живи идеи – ромска приказна во акција“, денеска во Берово беше одбележан 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите, во организација на Младинска организација РРОМА, во соработка со Општина Берово.

На настанот присутните ги поздрави секретарот на Општина Берово, Анита Рунтевски, која истакна дека преку љубов, почит и заедништво треба да се продолжи со градење на инклузивно општество за сите граѓани.

Свое обраќање по повод Меѓународниот ден на Ромите имаше и претседателот на Советот на Општина Берово, Владко Шахпаски, кој упати честитки и пораки за поголема еднаквост и поддршка на ромската заедница.

Во рамки на програмата, Општина Берово додели парични награди на ученици од ромска националност кои постигнале најдобри резултати во учебната 2025/2026 година. Наградени беа ученичката Медине Асанова од основното образование и ученичката Хадиса Демировска од средното образование.

-Присутните имаа можност да проследат кратко инспиративно видео, како и да учествуваат во интерактивна работилница заедно со ученици и претставници на институциите. Настанот беше збогатен и со повеќе креативни презентации, реализирани преку театарски изведби, интервјуа и симулации на телевизиски вести - информираа од Општина Берово.

Со пораката „Заедно градиме општество на почит, различност и заедништво“, одбележувањето на Денот на Ромите во Берово испрати силен апел за инклузија и еднакви можности за сите. вс/ац/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан