• среда, 13 ноември 2024

Во Берово одбележан Денот на независноста

Во Берово одбележан Денот на независноста

Берово, 8 септември 2023 (МИА) – По повод Денот на независноста на Македонија - 8 Септември, денеска делегации на општина Берово, Здружение на пензионери, како и претставници на политички партии, положија цвеќе на Спомен костурницата во Берово.

Пред присутните, беше прочитан реферат, со должна почит кон паднатите борци и посочување на историските моменти и значењето на денот.

- Овој историски датум, кога граѓаните го кажаа судбоносното и референдумско „да“, за остварување на вековниот сон за независна Македонија, е обврска за сите нас, да ја сочуваме и развиваме земјата, во духот на слободата и демократските вредности, беше истакнато во рефератот по повод значајниот датум од македонската историја.

Берово денеска беше и дел од рутата на 32-то мото рели Македонија – Независност, кое се вози низ повеќе градови во Македонија. вс/ир

 

Фото: МИА

Остани поврзан