Во Берово низа свечености по повод одбележувањето на Денот на градот
- Со низа свечености во Берово одбележан 23 Август - Денот на градот. Одбележувањето започна со положување свежо цвеќе, пред бистата на паднатите борци во НОВ од Малешево, каде беше прочитан ре
![Во Берово низа свечености по повод одбележувањето на Денот на градот](https://new.mia.mk/index.php/images/20221113203339_big_730x400_85.webp )
Берово, 23 август 2022 (МИА) - Со низа свечености во Берово одбележан 23 Август - Денот на градот. Одбележувањето започна со положување свежо цвеќе, пред бистата на паднатите борци во НОВ од Малешево, каде беше прочитан реферат за значењето на денот, делегации од политичкиот и јавниот живот се поклонија пред спомен плочата, а свеченоста заврши со Свечена Седница на Советот на општина Берово.
-Се обратив на свечената седница, за реализираните проекти и го честитав денот, посакувајќи и понатаму да продолжиме заеднички да работиме за развојот на Берово и да реализираме уште многу успешни проекти, после што следеше видео презентација за сработените проекти во изминатата година, истакна градоначалникот Звонко Пекевски.
![thumbnail_Весна Марковска почесен граѓанин](/articles/images/%d0%b2%d0%be-%d0%b1%d0%b5%d1%80%d0%be%d0%b2%d0%be-%d0%bd%d0%b8%d0%b7%d/QZf3GaVQm/placeholder.webp?use_watermark=0)
Во дневниот ред на свечената седница, беа доделени благодарници и парични награди на учениците и менторите, кои постигнаа големи резултати во учебната 2021-2022 година.
За прв пат во рамки на одбележувањето на Денот на градот беше доделена плакета за почесен граѓанин која за прв пат и припадна на д-р Весна Марковска.
Настанот заврши со доделување благодарници за посебен придонес во општествениот живот, а во текот на свеченоста, беше промовиран и видео спотот на песната „Мое Берово” од група Штекици. вс/сст/