• недела, 24 ноември 2024

Во Берово заврши реализацијата на дел од проектите од сферата на социјална заштита

Во Берово заврши реализацијата на дел од проектите од сферата на социјална заштита
Берово, 17 март 2021 (МИА) - Во Берово заврши реализацијата на дел од проектите од сферата на социјална заштита. Меѓу позначајните од општината ја напоменаа доградбата на нови занимални во градинката „23 Август“, активност која беше избрана како прироритет во рамки на проектот „Форуми во заедниците“.
- Изградбата на нови занимални во градинката во Берово е дел од првата фаза на активностите кои опфатија изградба на 4 нови занимални. По реализација на оваа активност, распишана е тендерска постапка за втората фаза од проектот кој рпедвидува внатрешно уредување на новоизградените занимални, информираат од општината.
Оттаму посочија дека претходно во рамки на овој проект беше реконструиран и паркингот пред детската градинка. Паралелно како дел од проектите за социјална заштита, дополнија, дека е завршена втората фаза од уредувањето на третата ламела од Домот за стари лица во Берово.
- По внатрешното уредување на третата ламела од Домот за стари лица во Берово, пристапено е кон постапка за набавка на опрема за истата. Активноста се реализираше преку Центарот за развој на Источно-планскиот регион со средства од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската агенција за развој, наведуваат од општината.
Оттаму потенцираа дека подобрувањето на социјалната заштита и понатаму останува приоритет во насока на подобар живот за граѓаните на Општина Берово. вс/фф/

Остани поврзан