• недела, 24 ноември 2024

Во Белорусија укинати акредитациите на новинарите кои работат за странски медиуми, од понеделник нови апликации

Во Белорусија укинати акредитациите на новинарите кои работат за странски медиуми, од понеделник нови апликации

Минск, 3 октомври 2020 (МИА) - Властите во Белорусија одлучија да ги укинат акредитациите на сите новинари кои работат за странски медиумски куќи и ги информираа дека повторно ќе треба да бараат акредитации, а тој процес може да трае повеќе од една недела.

„Оваа акција е преземена од белоруските власти против новинари и медиумски куќи сред бранот протести што се одржуваат со недели против претседателот Лукашенко, кој победи на изборите одржани на 9 август по шести пат. Во сегашната ситуација, ние сме принудени да го искористиме нашето суверено право и да ги примениме потребните заштитни мерки, што вклучуваат нови одредби“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи, кое го најави тој потег.

Министерството нагласи дека новинарите кои работат за странски медиуми можат да аплицираат за нови акредитации од понеделник и ќе ги разгледаат барањата за привремена акредитација во рок од пет дена и трајните за триесет дена. паг/

Остани поврзан