• петок, 27 декември 2024

Во Белград со денови огромни редови за ПЦР-тестирање за Ковид-19

Во Белград со денови огромни редови за ПЦР-тестирање за Ковид-19
Белград, 10 август 2020 (МИА) - Во Белград и денеска има непрегледни редови и турканици на граѓани кои чекаат за ПЦР-тестирање пред Институтот за вакцини и серуми „Торлак“. Како што јави дописникот на МИА од Белград, најупорните граѓани пристигнуваат да ги заземат своите места уште во четири часот и 30 минути, за да бидат меѓу првите во осум часот, кога се отвораат вратите на лабораторијата, за да направат ПЦР-тест. Покај граѓани од цела Србија кои патуваат во странство за што им е потребен овој тест, има и државјани од Северна Македонија и од Република Српска, затоа што во „Торлак“ тестирањето за новиот коронавирус не се закажува, а резултатите се добиваат истиот ден. Од Градскиот институт за јавно здравје пред два дена најавија дека до 20 август повеќе немаат слободни термини за ПЦР-тестирања на лично барање, а закажувањето ќе започне повторно на 18 август. Тестирањето за српските граѓани чини 6.000 динари (52 евра), а за странците 120 евра. Во Србија како резултат на последиците од Ковид-19 официјално починале 641 лице. Од почетокот на епидемијата регистрирани се вкупно 28.099 случаи на заболени. На респираторите се наоѓаат 106 пациенти. об/ми/

Остани поврзан