• вторник, 24 декември 2024

Во Белград промовирано делото ,,Дама са шеширом" од пехчевската поетеса Габриела Костадинова

Во Белград промовирано делото ,,Дама са шеширом

Пехчево, 23 октомври 2023 (МИА) - Новата книга на пехчевската поетеса Габриела Костадинова „Дама са шеширом“ денеска беше промовирана во Белград.

Книгата, која беше промовирана во рамки на Саемот на книгата, како што информираше авторката, е издадена од Српско уметничко друштво од Белград.

-Чест и задоволство е да се биде единствен претставник од Пехчево и Македонија и единствена поетеса на кого Српско уметничко друштво Београд оваа година на Саемот и направи промоција. Благодарност до Неџо Чича Стојановиќ за укажаната чест, истакна Костадинова.

Книгата, како што додава, претходно е издадена и на македонско јазик под наслов „Дамата со шеширот“.

Габриела Костадинова досега ги има објавено книгите поезија „Записи на болката“ и „Црвената боја на љубовта“.

Прогласена е за почесен граѓанин и успешна жена на Општина Пехчево за нејзините достигнувања во областа на културата. вс/мд/

Фото: МИА
 

Остани поврзан