• четврток, 26 декември 2024

Во Белград почна прошетката во рамките на „Европрајд 2022“

Во Белград почна прошетката во рамките на „Европрајд 2022“
Белград, 17 септември 2022 (МИА) – Неколку илјади членови и симпатизери на ЛГБТ плус популацијата околу 17 часот и 30 минути почна маршот на „Европрајд 2022“, што е предвидено да заврши на Ташмајдан, каде е планиран концертот. На чело на колоната има голем транспарент со натписи на српски и англиски јазик „Одиме и ќе одиме“ и амблемот на боите на виножитото, како и натпис „Европрајд 2022“. Поворката тргна пред зградата на Уставниот суд. Еден од организаторите на „Европрајд“, Горан Милетиќ, изјави дека српското Министерство за внатрешни работи забрани поворката да се движи од Собранието до Калемегдан, но дека е одобрен марш од Уставниот суд до Ташмајдан. На повеќе места во Белград има судири помеѓу противниците на „Европрајд“ и полицијата. ми/

Остани поврзан