• среда, 25 декември 2024

Во Белград запленет кокаин вреден милион евра

Во Белград запленет кокаин вреден милион евра

Белград, 19 јули 2024 (МИА) - Во акција на српската полиција и обвинителството запленети се повеќе од девет килограми кокаин чија вредност се проценува на околу еден милион евра.

Осомничените се уапсени во Пожега, потврдија за белградски медиуми во Вишото јавно обвинителство во Белград.

Во претресите на повеќе локации во Белград се пронајдени уште девет килограми кокаин, со улична вредност од над еден милион евра, како и поголеми количини маса за зголемување на количината на дрога. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан