• сабота, 23 ноември 2024

Во Белгија приведено лице во чиј автомобил бил откриен експлозив

Во Белгија приведено лице во чиј автомобил бил откриен експлозив

Брисел, 31 мај 2024 (МИА) – Белгиската полиција синоќа привела возач во чиј автомобил бил откриен експлозив. Реонот бил евакуиран, а на местото пристигнале деминери и спасувачи.

Експлозивот е откриен при рутинска контрола на сообраќајот во јужниот регион на Валонија, при што еден од возачите не застанал и се обидел да побегне.

Засега не се објавени повеќе детали за уапсениот, неговите намери или националноста. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан