• среда, 25 декември 2024

Во Белгија запленети шест тони кокаин од Суринам

Во Белгија запленети шест тони кокаин од Суринам
Брисел, 18 октомври 2022 (МИА) - Повеќе од шест тони кокаин се запленети во пристаништето Антверпен, во два контејнери испорачани од Суринам, соопшти вечерва белгиската царина. Царинската служба информира дека запленети се точно 6.044 тони кокаин, а дрогата е откриена по пријава за сомнително однесување на пристаништето. Антверпен, второто товарно пристаниште во Европа по Ротердам во Холандија, е важно за увоз на јужноамериканско овошје, од банани до ананас. Кокаинот често се крие во таквата стока. Во 2021 година, белгиските власти заплениле вкупно 89,5 тони кокаин во пристаништето Антверпен, што е зголемување за 36 отсто во споредба со претходната година кога беа запленети 65,5 тони. ссм/

Остани поврзан