• вторник, 24 декември 2024

Во Базел одбиваат да именуваат улица по Роџер Федерер

Во Базел одбиваат да именуваат улица по Роџер Федерер

Базел, 27 октомври 2022 (МИА) - Базел, родниот град на 20-кратниот грен слем шампион Роџер Федерер, одби да именува улица по тенисерот, изјави топографот на швајцарскиот град Пол Хафнер за „Ројтерс“.  

- Политиката на Базел е дека само мртвите луѓе можат да добијат плоштад или улица именувана по нив на овој начин, истакна Хафнер.  

Во Базел веќе има трамвај кој го носи името на Федерер, а во тек се преговори за изградба на зграда во негова чест.  

Четириесет и едногодишниот Федерер ја заврши кариерата оваа година откако на крајот на септември играше на Лејвер купот во Лондон.  

Швајцарецот има 20 победи на Грен слем, 111 победи на АТП турнирите, два олимписки медали – златен во двојки и сребрен во сингл. Беше прв светски рекет 310 недели. зс/

Остани поврзан