• среда, 25 декември 2024

Во Ајова стапи во сила строгиот закон против абортусот

Во Ајова стапи во сила строгиот закон против абортусот

Де Мојн, 29 јули 2024 (МИА) - Во американската држава Ајова, денеска стапи на сила строгиот закон за абортус, со кој се забрануваат повеќето абортуси по шест недели од бременоста, период во кој многу жени не ни знаат дека се бремени.

Републиканските лидери во Ајова со години се обидуваат да го усвојат законот, а нивните напори добија на интензитет кога Врховниот суд на САД го укина абортусот како уставно право во 2022 година. Таа година, Врховниот суд на Ајова пресуди дека во државата нема уставно право на абортус.

Законот забранува абортуси откако ќе се открие срцева активност, што е приближно шест недели по зачнувањето. Има ограничени исклучоци во случаи на силување, инцест, фетални абнормалности или кога животот на мајката е во опасност. Претходно, абортусот беше легален во Ајова до 20 недели од бременоста.

Активистите во Ајова се спротивставија на новиот закон, но и се подготвија за него, поддржувајќи го пристапот до абортус во соседните држави.

Тие рекоа дека ќе продолжат да работат во Ајова според новиот закон, но Сара Траклер, главен медицински службеник на Планирано родителство (Planned Parenthood), ја нарече денешната одлука „погубен и мрачен“ момент во историјата на државата.

Три клиники за абортус во два града во Ајова нудат процедури за абортус и ќе продолжат да го прават тоа пред да се открие срцева активност, велат групите за застапување. мс/

Остани поврзан