• среда, 25 декември 2024

Во Африка искоренет дивиот тип на полио

Во Африка искоренет дивиот тип на полио
Каиро, 25 август 2020 (МИА) – Во Африка е искоренет дивиот тип на полио, а со тоа и на детска парализа, прогласи независното тело Африканска регионална комисија за сертифицирање. Последната африканска земја која е прогласена за ослободена од диво полио е Нигерија, која опфаќаше повеќе од половина од сите глобални случаи пред помалку од десет години, јави Би-Би-Си. Полио обично ги погодува децата под пет години, што понекогаш доведува до нивна парализа, а смртта може да настапи ако се зафатени мускулите за дишење. Пред 25 години, илјадници деца во Африка беа парализирани поради овој вирус. Болеста сега постои само во Авганистан и Пакистан. јт/

Тагови

Остани поврзан