• вторник, 24 декември 2024

Во април почнува Државната одбојкарска лига за ветерани

Во април почнува Државната одбојкарска лига за ветерани

Струмица, 30 јануари 2024 (МИА) - На 6 април со одржување на првиот турнир во Гевгелија ќе почне државната одбојкарска лига за ветерани, во која ќе учествуваат осум екипи.

Ваква одлука е донесена на вчерашната средба на претставници на клубовите која се одржа во Струмица.

- Во лигата ќе учествуваат екипи на ветерани од Струмица, Гевгелија, Велес, Прилеп, Штип, Тетово, Скопје и струмичко Сушево. Лигата ќе се игра турнирски и очекуваме да почнеме на 6 април со прв турнир во Гевгелија, изјави комесарот на Лигата, Тони Караколев.

На средбата биле усвоени и пропозиции за натпреварувањето и според нив во екипите можат да настапуваат поранешни одбојкари над 40 години старост, а натпреварите ќе се играат во два добиени сетови.

Донесена е и одлука да се формира Здружение на екипи на одбојкарски ветерани, а лигата ќе функционира во рамките на Одбојкарската федерација на Македонија. рт/зс/

Фото: Фејсбук

Остани поврзан