• среда, 18 декември 2024

Во април започнува изградба на социјална зграда во Пехчево

Во април започнува изградба на социјална зграда во Пехчево
Пехчево, 10 март 2021 (МИА) - Во месец април започнува изградбата на социјална зграда во Пехчево, најави градоначалникот Драган Тренчовски кој информираше дека во крајна фаза е тендерирањето, по што очекува следниот месец да започне изградбата на според него капиталниот проект, со кој како што додаде ќе се реши голем проблем за семејствата од социјален ризик во Пехчево.
- Изградбата на социјална зграда ќе опфати 34 единици, што е од особено значење за социјално ранливите категории во нашата општина. Според моите информации во крајна фаза  е тендерирањето за да може да почне изградбата најдоцна до месец април. Сепак оставаме простор да течат активностите како што треба, за да се конкретизираат работите во таа насока, рече Тренчовски.
Перидот кој што следи, како што додаде пехчевскиот градоначалник, на барање на жителите ќе се гради и градска капела за што во тек е изработка на проектна документација.
- Прироритет според мислењето на граѓаните е изградбата на градска капела, која беше дел и од изборната програма. Изработката на проектната документација и тендерирањето очекуваме да заврши на крај на април, во мај да се почне со градба, со што до септември или порано, би била изградена градската капела, што ќе биде од особено значење затоа што и тоа како е потребно овој прироритетен проект да биде реализиран, додаде Тренчовски.
Во Општина Пехчево со грант од Светска банка, предвидена е и изградба на улици во должина од 3 километри.
- За реализација на оваа активност се ќе зависи од тендерирањето на Министерество за транспорт и врски дали ќе успеат до крајот на април да го тендерираат проектот, за да може да се избере изведувач и да почнеме со изведба на овој капитален проект во изградба на 3 километри улици во Пехчево, додава Тренчовски.
Дополни дека ова ќе биде од особено значење на жителите во насока на подобрување на патната инфраструктура во градот, која е во лоша состојба, што според него ќе биде значајно и за сите туристи кои ја посетуваат општина Пехчево. вс/см/

Остани поврзан