• четврток, 26 декември 2024

Во Анталија се наоѓа „хотел“ со 64 соби за мачки

Во Анталија се наоѓа „хотел“ со 64 соби за мачки
Анталија, 16 февруари 2021 (МИА) - Во паркот „Докум“ во турскиот град Анталија има нова оригиналнна атракција за посетителите... Имено, таму е поставена дрвена минијатурна градба со простор за престој за мачки. Станува збор за мала дрвена трикатна зграда со 64 соби кои се целосно опремени за удобен и безбеден престој на мачките. Покрај зградата, поставени се и помали куќи и други објекти за мачки, како еден вид „град на мачките“. Општината Кепез - во Анталија, објави дека паркот, по своите музеи, библиотеки, уметнички галерии и научниот центар, сега доби и катче за удобен престој на животните.  си/

Остани поврзан