• четврток, 26 декември 2024

Во Анкара средба Чавушоглу - Лајчак

Во Анкара средба Чавушоглу - Лајчак
Анкара, 10 мај 2022 (МИА) - Специјалниот претставник на Европска Унија за дијалог Белград-Приштина, Мирослав Лајчак, денеска во Турција се сретна со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, со кого разговараше за процесот на нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина. - Благодарност до Мевлут Чавушоглу за турското гостопримство, поддршката за мојата работа и важните разговори за Западен Балкан, а посебно за дијалогот помеѓу Белград и Приштина, напиша Лајчак на Твитер. Претходно, Чавушоглу на Твитер објави дека со Лајчак разговарал за „Западниот Балкан и регионалните настани, а особено за Украина“. ми/

Остани поврзан