• сабота, 23 ноември 2024

Во Ангола ископан редок чист розов дијамант

Во Ангола ископан редок чист розов дијамант

Лос Анџелес, 27 јули 2022 (МИА) - Рудари во Ангола ископале редок чист розов дијамант за којшто се верува дека е најголемиот пронајден последниве 300 години, објави денеска австралискиот оператор на рудникот „Луло“.

Розовиот дијамант од 170 карати, наречен „Луло Роз“, е откриен во североисточниот дел на земјата - инаку богат со дијаманти, и е еден од најголемите розови дијаманти некогаш пронајдени, соопшти компанијата „Лукапа дајмонд“ (Lucapa Diamond Company). „Историското откритие“ на дијамантот од типот „IIa“ - еден од најретките и најчисти видови природен камен, појасни Владата на Ангола, којашто е партнер во рудникот. - Овој рекорден и спектакуларен розов дијамант ископан во Луло продолжува да ја претставува Ангола како важен играч на светската сцена, истакна министерот за минерални ресурси, нафта и гас на Ангола, Дијамантино Азеведо. Дијамантот ќе оди на меѓународна аукција. Цената сѐ уште не е соопштена.  си/

Остани поврзан